Ѓоковиќ: Ова е еден од најтешките турнири во мојот живот

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на АТП мастерс 1000 турнирот во Шангај.

Србинот денеска во четвртфиналето во интересен натпревар славеше над белгискиот тенисер, Зизу Бергз со 2-0, по сетови 6-3 и 7-5.

По мечот тој изјави дека ова е еден од најтешките турнири кои ги играл во животот.

„Мило ми е што победив, ова е физички еден од најтешките турнири во мојот живот, па да продолжиме понатаму во ист ритам. Прв натпревар со Бергс, одлично момче. Бев малку попасивен отколку што требаше. Се обидов да останам на теренот и тоа е се“, изјави Ѓоковиќ. 

Се вчитува...