Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доживеа елиминација во осминафиналето на Австралија Опен, откако загуби со 3-0 во сетови од Јужнокореецот Хајен Чунг. Евидентно е дека Србинот сепак има големи проблеми со лакотот на десната рака, здравствен проблем поради кој паузираше повеќе од шест месеци.
„Не е добро, ова е фрустрирачки. Лакотот не е добро, кон крајот на првиот сет почнав да чувствувам се посилни болки. Морав да се борам со нив до крајот, но нивото на болката не беше таков за да мора да го предадам мечот. Фрустрирачки е кога ќе си земете толку многу време за опоравување, а болките и понатаму постојат. Ќе мора повторно со лекарскиот тим да преиспитаме што ќе правиме“, изјави Ѓоковиќ по елиминацијата на Австралија Опен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА