Ѓоковиќ падна на четвртото место на АТП листата, Синер се зацврсти на врвот

Јаник Синер ја започна 14-та недела на врвот на АТП листата, додека Новак Ѓоковиќ доживеа очекуван пад.

Младиот италијански тенисер по триумфот во Њујорк ја зголеми предноста на светската листа и е со огромни изгледи сезоната да ја заврши како најдобар светски тенисер. Сега има 11.180 бодови, дури 4.105 повеќе од новиот второпласиран, Германецот Александер Зверев.

Тенисерот од Хамбург со 7.075 бода стигна до најдобрата позиција во кариерата, минувајќи ги Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз. Ѓоковиќ од втората падна на четвртата позиција затоа што не успеа да го одбрани трофејот освоен минатата година.

Данил Медведев и Андре Рубљов ги задржаа петтото и шестото место, а напредок од дури пет места бележи финалисот во Њујорк, Американецот Тејлор Фриц.

Се вчитува...