Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека е предалеку од посакуваната форма откако српскиот тенисер се лизна на првата пречка на турнирот што се одржува во Барселона. Поранешниот светски рекет број 1 за ривал го имаше Словакот Клижан, но не успеа да ја оправда фаворитската улога и на крајот загуби со 1-2 во сетови.
Клижан тргна супериорно и го доби првиот сет со 6-2, но Ѓоковиќ возврати со иста мера, доминирајќи во вториот сет што Србинот го доби со 6-1. И кога се очекуваше тој да продолжи во ист ритам и во клучните моменти, Новак потфрли, Клижан по израмнетите 3-3 ги освои следните три гејма во низа и го доби овој интересен дуел.
Григор Димитров неочекувано лесно и убедливо го декласираше Жил Симон со 6-1, 6-2, додека Доминик Тием беше подобар од Шпанецот Мунир, славејќи со 7-6, 6-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА