Новак Ѓоковиќ не само што не може да одигра еден турнир на највисоко ниво, српскиот тенисер згора на тоа и продолжува да се мачи со најразлични повреди.
Откако загуби од Киргиос во третото коло од турнирот во Индијан Велс, денеска беше обелоденето дека Ѓоковиќ во изминатите денови се жалел на болка во лакотот. Повредата не е наивна, па поради тоа вториот светски рекет веќе си заминал од САД и се вратил во својот дом во Монте Карло. Таму врз Ѓоковиќ ќе бидат извршени детални прегледи, но мали се шансите дека повредата ќе биде експресно санирана за овој тенисер да може да настапи на претстојниот Мастерс-турнир во Мајами.
Доколку Новак не биде дел од овој турнир, тој ќе загуби нови 1.000 АТП поени бидејќи лани го освои пехарот на Мастерс-турнирот во Флорида.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА