Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ поради повреда го предаде мечот од полуфиналето на Австралија Опен против Александар Зверев по само еден одигран сет.
Седмиот светски тенисер по нешто повеќе од 80 минути игра го загуби првиот сет со 6-7(5), по што веднаш се доближи до мрежата и го предаде мечот на Зверев. Повредата, сепак, беше посилна од желбата за игра.
По таа одлука Ѓоковиќ со свирежи беше испратен од дел од публиката од „Род Лејвер Арена“, на кои не им се допадна тоа што по само еден час ќе останат без тенис. Тоа го забележа и Ѓоковиќ, па испрати и посебен поздрав до нив…
Not how we wanted your campaign to end, @djokernole.
Thank you for another wonderful Australian summer. Well played and best wishes for a speedy recovery.#AO2025 pic.twitter.com/d5VJ6YNBeN
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 24, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

