Ѓоковиќ по кратка постапка среди уште еден ривал во Шангај

Новак Ѓоковиќ продолжува со одличните настапи на Мастерс-турнирот во Шангај каде српскиот тенисер без преголеми проблеми стигна до билет за четвртфиналето.

Негов противник во денешниот осминафинален дуел бше Роман Сафјулин, но рускиот тенисер беше недораснат ривал за Ѓоковиќ, кој одигра во својот препознатлив ритам и на му дозволи на Роман да се понадева на изненадување. Ѓоковиќ стигна до брејк на половина од првиот сет и рутински славеше со 6-3, потоа одигра уште подоминантно во вториот дел, славејќи со 6-2.

Негов следен противник ќе биде Менсик од Чешка, кој денеска славеше над Григор Димитров со 2-1 во сетови.

Пласман во четвртфиналето обезбедија и првите двајца носители, Јаник Синер и Карлос Алкараз, кои славеа со по 2-0 во сетови против Бен Шелтон, односно Гаел Монфиј.

Се вчитува...