Ѓоковиќ по пласманот на Србија во полуфиналето на Дејвис купот: Горд сум на овој тим

Тениската репрезентација на Србија се пласираше во полуфиналето на годинашното издание на Дејвис купот, откако вечерва во клучниот меч во двојки парот Ѓоковиќ и Чачиќ славеше над казахстанскиот дубл Нидовјесов и Голубев со 2-1 (6-2, 2-6 и 6-3), и со тоа закажа дуел против репрезентацијата на Хрватска.

По мечот рекетот број еден не го криеше задоволството од прикажаното и изјави дека е горд на натпреварувачкиот дух кој го покажал неговиот тим.

„Најмногу сум горд на натпреварувачкиот дух. Паднавме во втроиот сет, но успеавме да се вратиме. Успеавме да го задржиме брејкот во одлучувачкиот сет и да го префрлиме моментумот на наша страна. Горд сум на Никола и на овој тим, заслуживме да бидеме во полуфиналето“, изјави Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...