Ѓоковиќ по тешкиот триумф: Се бројат победите…

Новак Ѓоковиќ стигна и до втората победа во низа на Мастерс-турнирот во Индијан Велс, повторно со минимални 2-1 откако српскиот тенисер со поголеми проблеми од очекувањата го совлада Американецот Александар Ковачевиќ.

Големиот фаворит го доби првиот сет со 6-4, но потоа беше целосно надигран од Ковачевиќ кој славеше во вториот со 1-6. Решавачкиот сет донесе израмнета борба во која Новак во 10. гејм конечно ја искористи петтата брејк шанса и стигна до победа. Негов ривал во осминафиналето ќе биде подобриот од дуелот меѓу Дрејпер и Серундоло.

„Уште еден тежок меч. Одлично се познаваме со Алекс, зборуваме ист, целото емејство му е српско, мене ми е мило што гледам дека напредува. Знаев дека нема да ми биде лесно да го „скршам“ ако добро сервира и се случи токму тоа. Не може секогаш да се победува само со убав тенис, некогаш треба да знаете и „грдо“ да стигнете до посакуваниот резултат. На крајот, се бројат победите, а јас сум среќен што го минав овој предизвик“, истакна Ѓоковиќ по победата.

Се вчитува...