Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во четврфтиналето на АТП турнирот во Белград, откако во својот прв меч во маратон успеа да слави над сонародникот Ласло Џере.
Натпреварот што траеше скоро три и пол часа првиот рекет на светот, го доби по пресврт со 2-1, по сетови 2-6, 7-6 и 7-6. Помладиот Србин го доби убедливо првиот сет, а имаше предност и во вториот. Сепак, најдобриот тенисер во светот успеа да направи нов кам-бек во кариерата и на крајот да стигне и до конечен триумф.
Ѓоковиќ во следното коло ќе игра против уште еден свој сонародник, Миомир Кецмановиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

