Новак Ѓоковиќ имаше успешен старт на грен-слемот УС Опен совладувајќи го младиот американски тенисер Лернер Тиен со 3-0 во меч кој траеше два часа и 24 минути.
Србинот го доби првиот сет за само 25 минути игра, а вториот траеше час и 23 минути па клучно во овие моменти било тоа што ги сочувал нервите, вели самиот Ѓоковиќ.
„Добра вечер за Њујорк. Прв пат ја почувствував неделната вечер и сакам да имаме уште многу во кариерата. Ова е најдобрата ноќна атмосфера во светот на тенисот“, започна Ѓоковиќ.
„Првиот сет траеше само 20 минути, а вториот час и 20 минути. Клучно е што ги сочував нервите во вториот сет. Потоа се чувствував многу подобро. Секогаш може подобро, но за почеток и ова беше фантастично“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

