Ѓоковиќ по „војната“ со публиката во Париз: Јас провоцирав?

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Париз, откако во три сета славеше против Талон Грикспор, па сега го очекува пресметка со Холгар Руне.

Ѓоковиќ „војуваше“ со паришката публика за време на мечот, а пооделни навивачи навистина се однесуваа крајно неприкладно.

„Навикнав на такви нешта. Да бидам искрен во прашање е пред се израз на непочит кон двајцата играчи во моменти кога мечот се кршеше. Но, што е тука е. Мечот беше возбудлив, тоа очигледно ги потикнуваше луѓето да посакаат да влијаат на неговиот тек, но тенисот победи“ – изјави Ѓоковиќ по мечот.

Пооделни новинари се јавија со констатација дека можеби Новак намерно сакал да ги провоцира навивачите како би пронашол мотивација за пресврт.

„Значи вие мислите дека јас ја провоцирав публиката, а не таа мене? Тоа вие го мислите од вашето столче од трибините? Не се согласувам со вас, затоа што знам дека ама баш ништо не направив за да ја провоцирам публиката. Паришката публика е навистина ‘специјална’, но се е тоа во ред“ – истакна Ѓоковиќ.

Се вчитува...