Ѓоковиќ победи со 3-0, но се мачеше против Муте

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло од вториот гранд-слем турнир во сезоната Ролан Гарос.

На турнирот во Париз, Србинот во второто коло славеше над домашната надеж Корентан Муте во меч кој траеше повеќе од три часа, но со максимални 3-0, по сетови 6-3, 6-2 и 7-6.

Во третото коло Ѓоковиќ за противник ќе го има подобриот од дуелот меѓу Канаѓанецот Денис Шаповалов и австрискиот тенисер Филип Мишолиќ.

Се вчитува...