Ѓоковиќ: Победувам, но не ми се допаѓа како играм

Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло од УС Опен откако го доби дуелот со Американецот Закари Свајда, меч на кој српскиот ас се соочи со неочекувани проблеми откако го загуби првиот сет во тајбрејк.

Најдобриот тенисер на сите времиња по мечот говореше за својата форма, не криејќи дека не е задоволен од начинот на кој игра на првите два меча во Њујорк.

„Победувам, но не ми се допаѓа како играм… На овие два меча се мачев да најдам ритам, можеби поради тоа делуваше како да немам доволно енергија“, истакна Ѓоковиќ.

Тој јасно стави до знаење дека е максимално мотивиран да атакува на трофејот и на овој гранслем турнир.

„Мотивацијата никогаш не ми била проблем, секогаш кога ќе излезете на терен постои нешто што треба да го докажете, на себе и на останатите. Сега, на мои години – тоа е да сум во можност да го добијам мечот што го играм. Не сум задоволен од моето ниво, но најдов начин да победам и тоа е најважно. Се уште сакам да се натпреварувам, строг сум кон себе и очекувам највисоко ниво, иако тоа не е секогаш возможно“, прокоментира Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...