Новак Ѓоковиќ ја продолжи серијата очајни изданија губејќи на стартот од својот настап во Мајами, и тоа од 47. светски тенисер Беноа Пер од Франција со 0-2 во сетови (3-6, 4-6). Српскиот ас влезе во овој дуел со серија од 21 победа во пресметките со француски ривали, но Ѓоковиќ тотално потфрли, повторно беше бледа сенка од своите најдобри времиња и заслужено претрпе пораз.
Пер го доби првиот сет со 6-3, а Французинот потоа поведе и со 4-2 во вториот сет. Ѓоковиќ за момент се разбуди и израмни на 4-4, но Пер потоа одново ја презеде контролата, добивајќи го последниот гејм на сервис на Србинот без ниту еден загубен поен.
Бламажа во Мајами денеска доживеа и Давид Гофан, кој загуби со преубедливи 0-6, 1-6 од Португалецот Соуса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА