Селекторот на српската Дејвис куп репрезентација Виктор Троицки вели дека начул дека Новак Ѓоковиќ планира да ангажира нов тренер кој е големо име. Троицки не ги знае деталите за плановите на Новак околу тренерот, но знае дека тоа ќе биде некој кој ќе предизвика вистинска бура во светскиот тенис.
Новак најави дека со полна брзина ќе ги започне подготовките за новата сезона, а ќе игра веќе во првата недела, што ќе биде негова подготовка за Австралија опен.
„Мило ми е што Новак изјави дека 100% ги започнува подготовките за новата сезона. Се видовме на кратко, дури слушнав дека нешто се подготвува со нов тренер, со големо име. Не знам ништо За тоа е гласина што ја слушнав и јас вчера, не се слушнав со него“, изјави Троицки
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА