Новак Ѓоковиќ го продолжува својот пат кон одбрана на титулата во Индијан Велс, откако во 3. коло славеше против Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро со 2-1, во сетови 7-5,4-6,6-1.
Ова беше 300-та победа на Новак Ѓоковиќ на Мастерс турнирите во кариерата, или вкупно 762 победа во кариерата со што се израмни по бројот на победи со легендарниот Пит Сампрас. Ѓоковиќ во осминафиналето на Мастерсот ќе се сретне со Австралиецот Ник Киргиос, кој беше подобар од Александар Зверев со 6-3,6-4.
Во осминафиналето ќе игра и Роџер Федерер славејќи против домашниот тенисер Стив Џонсон со 7-6,7-6. Федерер во битката за четвртфинале ќе се соочи со големиот ривал, Шпанецот Рафаел Надал.
Турнирот во Индијан Велс се игра за награден фонд од 6,9 милиони долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА