Тениската репрезентација на Србија има предност од 2-0 против Русија по првиот ден од натпреварите во 1. коло од светската група во Дејвис купот.
Новак Ѓоковиќ во вториот денешен меч беше подобар од Данил Медведев, откако Русинот го предаде мечот при резултат од 2-1 во сетови за Ѓоковиќ. Медведев го доби првиот сет со 3-6, но следните два ги доби Србинот со 6-4,6-1, по што Медведев го предаде мечот.
Претходно, во првиот меч Виктор Троицки беше подобар од Качанов, победувајќи во пет сета со 6-4,6-7,6-3,1-6,7-6.
Утре на програмата е дуелот во двојки, а во недела се играат преостанатите два натпревари во поединечна конкуренција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА