Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во финалето на Мастерсот во Шангај, по неочекуваниот пораз во полуфиналето од тенисерот од Монако, Валентино Вашеро.
Ѓоковиќ, кој е петти тенисер во светот, загуби од 204-от тенисер на АТП ранг листата во два сета, со 3-6 и 4-6.
Србинот со брејк го почна мечот, но противникот веднаш возврати во првиот сет, а потоа Ѓоковиќ се мачеше и со повредата, за да не успее да го издржи ритамот на Вашеро.
Во финалето Вашеро ќе се соочи со подобриот од второто полуфинале меѓу Медведев и Риндеркнеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

