Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по елиминацијата во четвртфиналето на Ролан Гарос се „лизна“ на четвртата позиција на АТП – листата. Ова му се случува за првпат по 18.октомври 2009 година, или по 2.794 денови.Ѓоковиќ ќе има проблем да го задржи и четвртото место, со оглед дека Роџер Федерер има 860 бода помалку, но сега доаѓа сезоната на трева во која тој ќе влезе одморен и максимално мотивиран по паузата што ја зема на земјена подлога.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА