Новак Ѓоковиќ објави дека ќе го пропушти Мастерсот во Париз.
Ѓоковиќ со тоа ја потврди досегашната информација дека ќе го пропушти последниот Мастерс во сезоната, кој го освои седум пати во кариерата, последен пат минатата година.
„За жал, нема да играм на Мастерсот во Париз оваа година. Им се извинувам на сите што се надеваа дека ќе ме гледаат таму. На сите играчи, спонзори, организатори и навивачи им посакувам одличен турнир. Имам многу убави спомени со седум титули таму и се надевам дека ќе се вратам следната година“, напиша Ѓоковиќ.
Ова е знак дека Новак не планира да игра повеќе официјални турнири до крајот на годината, но се уште постои можност да се појави на Завршниот турнир во Торино. Новак на почетокот на декември ќе биде во Буенос Аирес каде ќе одигра егзибициски меч со Хуан Мартин дел Потро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА