„Ѓоковиќ повеќе нема да може да ги победи Алкараз и Синер“

Поранешниот шампион на Ролан Гарос, Адријано Паната смета дека Новак Ѓоковиќ си го одиграл своето во тенискиот спорт.

Во анализата на финалето на Вимблдон, Паната е воодушевен од изданието на Алкараз.

Ѓоковиќ дојде до финалето со победа против Руни кој, всушност, сам се победи, а мора да признаам дека ме изненади со нивото на игра против Муцети. Но, во финалето се забележа голема разлика. Карлос и Синер се израмнети на првото место во моментов во светот на тенисот, и мислам дека Ѓоковиќ повеќе никогаш нема да може да ги победи нив двајца“ – вели Паната.

Италијанецот најголемиот успех во кариерата го оствари со триумфот на Ролан Гарос во 1976 година.

Се вчитува...