Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ од денеска и официјално повторно е најдобар светски тенисер, и согласно најновата АТП листа.
Ѓоковиќ со пласманот во финалето, и откажувањето на Рафаел Надал од Мастерсот во Париз, по четврти пат во кариерата дојде до првото место на АТП листата. Србинот загуби во финалето во Париз од Карен Хачанов, но освои 600 бода и сега има 8.045, повеќе од доволно за првото место.
А, Ѓоковиќ до пред само четири месеци имаше 7.255 бодови, помалку од тогаш првопласираниот Роџер Федерер кој го чуваше врвот на АТП со 8.920 поени. Новак од тогаш почна со освојувањето бодови па со неверојатен ефект стигна до врвот.
На второто место на АТП листата сега е Рафаел Надал со 7.480 бода, пред Роџер Федерер и Хуан Мартин дел Потро. На петтото место е Александар Зверев пред Андерсон и Марин Чилиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА