Ѓоковиќ повторно е оној стариот, гази се пред себе во Квинс

Новак Ѓоковиќ продолжува со импресивни настапи на турнирот во Квинс, каде српскиот тенисер без загубен сет стигна до полуфиналето. Тој потсети на старата форма од пред неколку години откако во претходните денови игра на највисоко ниво, по вчерашниот лесен триумф над Димитров денеска за нешто повеќе од еден час лесно го среди и Манарино.

Французинот парираше само до средината од првиот сет, имаше и водство од 2-4, но потоа Ѓоковиќ направи пресврт и го доби сетот со 7-5. Охрабрен од ваквиот развој на настаните, српскиот тенисер доминираше во вториот сет добивајќи го со 6-1, за пласман во полуфиналето. Таму Новак Ѓоковиќ ќе ги одмери силите со подобриот од дуелот Тиафое – Шарди, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Ник Киргиос и Марин Чилиќ.

Се вчитува...