Ѓоковиќ повторно го шокира светот – Едноставно незапирлив (ФОТО/ ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ повторно го шокира светот едноставно потврдувајќи дека е еден и единствен кога се работи за упорноста, пожртвуваноста, професионалноста во спортот.

Малку кој, па дури и од лекарските тимови, веруваше дека Ѓоковиќ ќе може да игра на Вимблдон кој стартува на 1. јули, по операцијата на менискусот по повредата во четвртфиналето на Ролан Гарос.

Но, српскиот тенисер повторно ги демантира сите со активните тренинзи кои ги реализира деновиве а кои, зачудувачки, ги одработува под полна пареа. Новинарот кој е стручњак за тенис Крег Шапиро, вели дека има информации дека Србинот ги работи тренинзите на највисоко ниво, и дека се поизвесно ќе настапи на Грен слемот во Велика Британија. Веќе од утре оди во Лондон каде ќе ги продолжи подготовките.

Ѓоковиќ се откажа во 1/4 финалето на Ролан Гарос поради повреда, па потоа беше подложен на операција на коленото. Иако имаше најави дека нема да игра на Вимблдон за да се подготви за Олимписките игри, сепак, веројатно ќе игра и на двата турнири.

Се вчитува...