Новак Ѓоковиќ е максимално фокусиран на полуфиналната пресметка со Карлос Алкараз која може да му обезбеди на српскиот тениски великан билет за уште едно гранслем финале.
Алкараз делува импресивно годинава на УС Опен, максимално мотивиран да стигне до титулата и врвот на АТП-листата. Впрочем, Шпанецот се уште нема загубено сет во Њујорк, но Ѓоковиќ сепак верува дека ќе има што да каже во утрешното полуфинале.
„Тој игра одлично, сите можат да го видат тоа, но… одиме. Не излегувам со бело знаме, туку полн со самодоверба дека ќе победам. Сега, ако се случи тој да победи, ќе му честитам, ќе му ја стиснам раката и одиме понатаму“, прокоментира Ѓоковиќ.
Двајцата тениски великани досега имаат одиграно осум мечеви, при што Ѓоковиќ има предност од 5-3 во однос на шпанскиот тенисер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

