Поминаа точно пет години од епското финале на Вимблдон во кое Ѓоковиќ успеа да спаси две меч топки, а подоцна во тај-брејк стигна до титулата.
Мечот траеше четири часа и 57 минути, а ќе остане запаметен моментот кога една госпоѓа на трибините со показалецот покажа дека на Роџер му останува само уште еден поен до титулата.
Ѓоковиќ успеа да ја продолжи серијата титули, триумфирајќи во 2021 и 2022 година, но неговата доминација ја прекина Алкараз со кој повторно ќе игра денеска во финалето. Доколку стигне до трофејот Србинот ќе се израмни со легендарниот Швајцарец на врвот на вечната листа со осум трофеи во „Ол ингланд“ тенис и крикет клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

