Ѓоковиќ пред Вимблдон: Не сум опуштен затоа што го нема Надал, тука е Алкараз

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека се чувствува одлично и дека е подгтовен за настап на престојниот Вимблдон. Српскиот тенисер го брани трофејот освоен минатата гдоина, а првиот меч го игра во понеделник против Педро Качо од Аргентина.

Тој додаде дека не смее да биде опуштен затоа што го нема Надал, и го пофали Алкараз.

„Вимблдон секогаш ми беше целта. Добро ми одеше до сега. Тревата не е најдобра за играње, тоа е најнеобичната подлога. Потребно е време да се навикнете, но во последните 10 години се адаптирав. Не се чувствувам поопуштен затоа што го нема Надал. Гладен сум за грен-слем турнирите. Тука е Алкараз, кој е одлично момче, со одличен карактер. Секогаш влегувам со екстра мотивација на овие турнири“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...