Ѓоковиќ преку Ханфман до финале на турнирот во Атина

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ се пласираше во ново финале во неговата богата кариерата, овојпат на турнирот кој за првпат се одржува во главниот град на Грција, Атина.

Ѓоковиќ во првиот полуфинален дуел славеше над Германецот, Јаник Хафман со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-4.

Во финалето каде Србинот ќе ја брка 101. АТП титула во кариерата за противник ќе го има подобриот од дуелот меѓу Себастијан Корда од САД и Италијанецот, Лоренцо Музети.

Се вчитува...