Ѓоковиќ преку Корда до полуфинале во Мајами

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ стигна до полуфиналето на АТП мастерс 1000 турнирот во Мајами.

Тој во четвртфиналето беше подобар од американскиот тенисер со чешко потекло, Себастијан Корда со 2-0, по сетови 6-3 и 7-6.

Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе се сретне со бугарскиот тенисер Григор Димитров.

Се вчитува...