Најдобриот тенисер во светот во моментов, Новак Ѓоковиќ го обезбеди 10. четвртфинале на Австралија Опен и ја продолжува потерата по седмиот трофеј на грен-слемот во Мелбурн. Српскиот тенисер забележа тешка осминафинална победа над Русинот Данил Медведев со 3-1 сетови. По повеќе од три часа игра, Ѓоковиќ го реши дуелот во четвртиот сет кој го доби со 6-3. Медведев најсериозен отпор пружи во вториот сет кој му припадна во тај-брејкот. Ѓоковиќ го доби првиот сет со 6-4, а третиот до 6-2.
Во четвртфиналето српскиот ас ќе се сретне со Кеи Нишикори кој го доби драматичниот маратон со Пабло Карењо Буста со 3-2 во сетови и тоа во петтиот сет во тај-брејк со 10-8.
What a battle.@DjokerNole is made to work, but he’s always up for the fight. #AusOpen pic.twitter.com/nnDDG8DbGU
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 21, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА