Ѓоковиќ преку Пол до десетто финале на Австралија опен

Новак Ѓоковиќ се пласираше во јубилејно десетто финале на првиот гранд-слем турнир во сезоната Австралија опен, откако во второто полуфинале на машкиот турнир славеше над Американецот, Томи Пол со 3-0 по сетови 7-5, 6-1 и 6-2.

Србинот одлично го отвори мечот и брзо поведе со 5-1. Сепак, по една кратка расправија со главниот судија Думусоа, Американецот успеа да врзе четири гејма и да израмни на 5-5. Ѓоковиќ успеа да го преброди падот и со два гејма во низа да го освои првиот сет со 7-5 и да поведе со 1-0 во полуфиналето.

Вториот сет беше чиста рутина, а Ѓоковиќ на убедлив начин го освои со 6-1. Последниот сет беше уште една нова рутина кој го доби со 6-2..

Ѓоковиќ во финалето каде ќе ја нападне десеттата титула на Австралија опен за противник ќе го има грчкиот тенисер Стефанос Циципас. Победата во финалето во Мелбурн носи и прво место на АТП листата.

Се вчитува...