Ѓоковиќ преку Рубљов до полуфинале на Вимблдон

Откако имаше проблеми на дуелот со Хуркач, добивајќи ги двата сета со тај-брејк, Новак Ѓоковиќ денеска далеку полесно го совлада Андреј Рубљов со 3-1 во сетови 6-4, 1-6, 4-6 и 3-6.

Ѓоковиќ тргна лошо и го загуби првиот сет, но во вториот целосно се врати, и го доби убедливо со 1-6. Откако го доби вториот сет, Србинот продолжи да игра во висок стил и потоа ги доби третиот и четвртиот сет за конечен триумф.

Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против Јаник Синер од Италија, и има со него позитивен биланс, што во голема мера му е отворен патот кон ново финале во Вимблдон.

Се вчитува...