Ѓоковиќ преку Циципас до титула во Астана

Новак Ѓоковиќ стигна до нова титула во кариерата откако триумфираше на АТП турнирот од серијата 500 кој се играше во казахстанскиот главен град Астана.

Србинот во финалето на овој турнир славеше над грчкиот тенисер Стефанос Циципас со 2-0, по сетови 6-3 и 6-4.

И во двата гејма му беше доволен по еден брејк на поранешниот прв тенисер во светот. Ова за Србинот е јубилејна 90 АТП титула во кариерата.

Се вчитува...