Новак Ѓоковиќ ќе биде дел од спектаклот во Ријад откако српскиот тенисер ја прифати понудата да биде дел од „6 Крала“, тенискиот турнир со најбогат фонд за награди во историјата.
Србинот не настапи ниту во Торонто ниту во Синсинати, тој ќе биде дел од претстојното издание на УС Опен, па иако решава да одбие голем дел од поканите за учество, спектаклот во Ријад ќе биде место на кое Новак повторно ќе биде присутен.
Само за потсетување, секој од шесте тенисери кои ќе бидат дел од овој турнир (Ѓоковиќ, Синер, Алкараз, Зверев, Дрејпер и Фриц) ќе инкасираат по 1,5 милиони евра со самото доаѓање во Ријад. Потоа, секоја победа значи и дополнителна добивка, а ланскиот шампион Јаник Синер си замина дома побогат за 6 милиони евра.
„За сите љубители на тенисот, кралевите се враќаат. Шесте најдобри светски играчи ќе се судрат повторно на турнирот „Слем на шесте кралеви кој ќе се одржу во Ријад од 15 до 18 октомври“, објави Турки Алаших, советник на Саудискиот претседател за популаризација на спортот во оваа земја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

