Ѓоковиќ: Привилегија е да имате 100 победи на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ не го криеше задоволството по рутинскиот триумф над Миомир Кецмановиќ, со кој српскиот ас стигна до осминафиналето од Вимблдон.

Она што e уште поимпресивно, Ѓоковиќ стигна до јубилејната 100. победа на Вимблдон, со што стана вториот тенисер во историјата со троцифрен број на триумфи (зад Роџер Федерер со 105).

„Историски, привилегија е да се биде во ваква позиција, убаво е чувството да знаеш дека имаш 100 победи на Вимблдон. Тенисот ме направи она што сум денеска, ми даде неверојатно жуивотно искуство, а добро познато е дека Вимлбдон е мојот турнир од соништата. Голем број на деца сонуваат барем еднаш да заиграат овде, а јас сум благословен што имам 100 победи и што неколку пати стигнував и до пехарот овде“, истакна Ѓоковиќ.

Се вчитува...