Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето од турнирот во Бризбејн, откако српскиот ас во денешниот осминафинален дуел ја продолжи импресивната серија против својот омилен „пациент“, Гаел Монфилс.
Двајцата ветерани прв пат играа еден против друг на УС Опен во 2005 година, Ѓоковиќ славеше на тој меч почнувајќи серија што трае до ден денеска. Имено, денешниот дуел беше вкупно 20. во пресметките на Новак и на Монфилс, при што српскиот тенисер забележал максимални 20 победи над овој ривал. Денешниот меч заврши со максимални 2-0 во сетови, Ѓоковиќ целосно доминираше и рутински славеше со 6-3, 6-3, најавувајќи дека во добра форма ќе го дочека новото издание на Австралија Опен.
Негов противник во четвртфиналето ќе биде американскиот џин Рајли Опелка, кој во својот осминафинален дуел славеше над Матео Арналди во два тајбрејка (7-6, 7-6).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА