Ѓоковиќ против Србин на отварањето на Австралија Опен, можен меч со Надал во полуфиналето

Ждрепката за првиот АТП турнир во сезоната донесе интересни дуели уште од самиот почеток, но и предвидување за неверојатни средби во елиминацијата па така патот до 21. голем трофеј и „вечност“ Новак Ѓоковиќ го започнува против сонардоникот Миомир Кецмановиќ, а дуел против Рафа Надал е можен дури во полуфиналето.

Рускиот ас Данил Медведев почнува против Швајцарецот Лаксонен, а веќе во второто коло силите може да си ги одмери со Ник Кирјос. Рафа Надал ќе се сретне со Американецот Гирона, додека Александар Зверев ќе игра против сонародникот Алтмајер.

Фаворитите за трофеј на Австралија Опен до третото коло „налетуваат“ на неколку незгодни противници, а интересно е предвидувањето за четвртфиналето во кој може да го добиеме парот Зверев – Надал, и Медеведев – Рублев. Таму пак на Ѓоковиќ му се предвидува меч против Беретини, како и дуел помеѓу Циципас и Руд.

Се вчитува...