Новак Ѓоковиќ е првиот полуфиналист на Вимблдон откако српскиот тенисер успеа да триумфира над Кеи Нишикори со 3-1 во сетови. Тој влезе во мечот со убедливи 13-2 во досегашниот дуел против ривалот од Јапонија, по што на централниот терен повторно ја покажа својата надмоќ во однос на Нишикори.
Ѓоковиќ го доби првиот сет со 6-3, но Јапонецот возврати во вториот сет, славејќи со 2-6. Клучен момент беше петтиот гејм од третиот сет, кога Нишикори имаше 0-40 на сервис на Србинот, но не успеа да стигне до брејк. Ѓоковиќ поведе со 3-2, веднаш потоа направи брејк и го доби сетот со 6-2, за експресно да стигне до предност и во четвртиот сет за конечни 6-2.
Ривал на Новак во полуфиналето од Вимблдон ќе биде подобриот од дуелот Надал – Дел Потро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА