Ѓоковиќ првпат отворено по Австралија опен: „Татко ми ме убедува да ја завршам кариерата!“

Новак Ѓоковиќ првпат отворено проговори по завршувањето на Австралија Опен, и неговото предвремено предавање на мечот со Зверев во полуфиналето на грандслем турнирот.

„Размислувам за пензионирање, повеќе за тоа како ќе изгледа отколку кога ќе се случи. Мислам дека ќе одлучам дека е доволно кога ќе губам почесто, кога ќе почувствувам дека повеќе не можам да се натпреварувам за најголемите трофеи“ – изјави најдобриот српски тенисер притоа дополнувајќ и дека неговиот татко Срѓан го „убедувал“ да ја заврши кариерата.

„Се чувствувам како луѓето веќе да ми пишуваат ‘тениски некролог’. Првиот што го започна тоа беше татко ми, иако не знам колку ќе му се допадне што го кажувам ова јавно. Се обидуваше да ме убеди, иако не е дека инсистира. Тој ги разбира и ги почитува моите одлуки, но често ме прашува што друго сакам да постигнам… Тој е свесен за стресот и напнатоста кои влијаат на мојот ум и тело, а со тоа и на сите околу мене. Затоа ми го посакува најдоброто“.

Следниот турнир кој Ѓоковиќ треба да го игра е во Доха, но тоа е неизвесно, бидејќи постои можност паузата да биде подолга, до почеток на сезоната на земјени терени.

Се вчитува...