Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ за првпат се огласи на социјалните мрежи по болната елиминација во полуфиналето на Австралија Опен.
Новак преку Инстаграм им честиташе на финалистите на женскиот турнир на Австралија Опен за одличниот настап. Тој објави фотографија од својата колешка Арина Сабаленка и и честиташе за победата на гранд-слем турнирот во Мелбурн, а не ја заборави и второпласираната Жинвен Женг.
Неговиот паметен потег предизвика лавина позитивни реакции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

