Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја раскиона соработката и со вториот свој тренер, Радек Штепанек, само неколку денови откако јавно беше обелоденето дека нема веќе да соработува со Андре Агаси. Во наредниот период, Ѓоковиќ ќе го обелодени новиот тренерски тим со кој ќе се обиде да се врати повторно на самиот врв на светскиот тенис.
„Новак останува фокусиран на напредокот, и има желба да се врати посилен и поодлучен по долгата пауза поради повреда, која влијаеше на неговата самодоверба и на самата игра. Во исто време, Новак контантно и страствено бара нови начини да ја врати победничката форма“, се вели во соопштението кое стручниот тим на Новак Ѓоковиќ го испрати до медиумите.
Србинот се очекува да настапи на Мастерс – турнирот во Монте Карло, кој почнува на 14.април.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА