Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ продолжува да се мачи сезонава откако и во Индијан Велс го заврши својот настап уште во својот прв настап на турнирот со кој се отвора Мастерс 1000 серијата сезонава.
Ѓоковиќ во 2. коло во „пустината“ загуби од холандскиот тенисер Ботик ван де Зандшулп со 2-1, по сетови 6-2, 3-6 и 6-1.
По мечот тој како главна причина за поразот го наведе тоа што за првпат по долго време не играше на главниот терен на Индијан Велс.
„Немам оправдување за лошата игра. Не се чувствувам добро кога играм вака. Тоа беше едноставно лош ден во канцеларија за мене. Барем јас така претпоставувам. Искрено, разликата помеѓу главниот терен и останатите е огромна. Затоа квалитетот на мојот тенис беше многу полош во споредба со тренинзите. Топката на централниот терен има поголемо отскокнување дури и отколку на земјена подлога. Многу се мачев со тоа, не можев да го најдам ритамот“, изјави Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

