Новак Ѓоковиќ игра феноменално во втората половина од оваа 2018 година, но Србинот не успеа да го круниса неверојатниот камбек на терените со титула на АТП-шампионатот. Тој вечерва важеше за голем фаворит против Александар Зверев, но Ѓоковиќ го одигра својот најслаб меч во пследните неколку месеци и заслужено капитулираше пред далеку помотивираниот противник.
„Не е убаво кога ќе се загуби, разочаран сум од својата игра. Од друга страна, среќен сум за Саша Зверев, што ја освои оваа голема титула. Честитки Саша, сега беше многу подобар отколку во дуелот од групата, го заслужи овој пехар. Млад си, а веќе имаше извонредна кариера, ти посакувам се најдобро и во иднина“ – истакна Ѓоковиќ по големото финале.
Без оглед на денешниот пораз, српскиот тенисер со добриот настап во Лондон уште повеќе ќе се зацврсти на првото место на АТП-листата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА