Новак Ѓоковиќ продолжува со сигурните игри на Австралија Опен, откако десеткратниот шампион без многу мака стигна до осминафиналето на првиот гранслем турнир во 2025 година.
Мачак во минатото знаеше да му создава проблеми на Новак во меѓусебните дуели, но чешкиот тенисер овојпат немаше шанса за такво нешто, Ѓоковиќ од самиот старт делуваше максимално фокусирано, доминираше на теренот и заслужено стигна до максимално победа. Во својот најдобар меч годинава Србинот отвори со маестрални 6-1, а потоа по еден брејк му беше доволен и во вториот и во третиот сет, за 6-4, 6-4 и пласман во следната рунда.
Негов противник во осминафиналето ќе биде Чехот Лехецка, кој денеска лесно со 3-0 во сетови славеше над Бонзи од Франција. Ако успее да слави против Лехецка, Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе го очекува „дуел на титаните“ со Карлос Алкараз, доколку Шпанецот слави во својата осминафинална пресметка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

