Ѓоковиќ рутински до осминафинале на Ролан Гарос

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ без проблеми стигна до ново осминафинале на вториот гранд-слем турнир во сезоната, Ролан Гарос.

Српскиот тенисер во последниот меч од третото коло на машкиот турнир во Париз славеше над Австриецот Филип Мишолиќ со максимални 3-0, по сетови 6-3, 6-4 и 6-2.

Во осминафиналето Ѓоковиќ за противник ќе го има Британецот, Камерон Нори.

Се вчитува...