„Ѓоковиќ сака да го освои Вимблдон и да замине во пензија!“

Додека трае дебатата „до кога ќе игра Новак Ѓоковиќ“, поранешниот кипарски тенисер Маркос Багдатис има своја теорија.

Багдатис осум пати играше против Ѓоковиќ и ги загуби сите осум дуели. Особено болен беше поразот во четвртфиналето на Вимблдон во 2007 година, кога српскиот ас победи со 3-2.

„Новак сака да го освои Вимблдон оваа година и да се пензионира. Мислам дека тоа е неговата цел. Затоа го ангажираше Енди Мареј за тренер, за да бидат навивачите со него“, изјави Багдатис. 

Се вчитува...