Првиот рекет во светот Новак Ѓоковиќ вели дека на тенисот му треба модернизирање и дека смета дека би било одлично бодувањето во тенисот да биде променето исто како во одбојката.
„Одбојката е добар пример. Ја промени својата публика откако ги промени правилата. Претходно беше промена на сервисот и се играше до 15 поени, но потоа се промени и се премина на 25 поени. Во почетокот беше чудно и многу ја осудуваа промената. Но, ако зад се тоа стојат визионери кои можат да го поткрепат тоа со докази дека е подобро“, вели Ѓоковиќ.
Србинот истакна дека турнирот за младите ѕвезди во Милано е одлична шанса за пробување на новите правила во тенисот.
„Некои работи усвоени на турнирот беа добри, некои не. Сепак, мораме да се насочуваме кон модернизирање на играта бидејќи ги губиме новите генерации кои немаат трпене за традицијата и старите правила“, заврши Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА