Ѓоковиќ: Сакам да играм на ЛОИ во 2028 година

Новак Ѓоковиќ не размислува за пензија иако за еден месец ќе наполни 37 години.

Во понеделникот Ѓоковиќ по петти пат во кариерата беше прогласен за најдобар спортист на светот. Иако многумина очекуваат да се пензионира по Олимпијадата во Париз оваа година, тој има други планови.

„Мојата најважна цел оваа година е златниот медал на Олимписките игри во Париз. Верувам дека е можно, да не верувам, не би ни играл. Секогаш треба да верувате дека се е можно во животот. Кој знае дали повторно ќе имам шанса иако сакам да учествувам на Игрите во Лос Анџелес во 2028 година“, рече Ѓоковиќ.

Се вчитува...