Ѓоковиќ: Сакам да сум повеќе време со децата, тенисот предолго ми беше приоритет во животот

Новак Ѓоковиќ е решен да продолжи да ги атакува трофеите на најголемите турнири, но Србинот дефинитивно ќе нема згуснат распоред на натпреварувања во 2024 година.

Тоа го најави и самиот Ѓоковиќ, кој не крие дека приоритетите му се променети во последно време, па сега сака што повеќе да се посвети на семејството.

Јас сум татко на две деца, а минувам толку многу време далеку од семејството. Секогаш кога патувам на подолга време ми се кине срцето, ме тера да размислувам уште колку треба да играм, дали е тоа вредно за она што го пропуштам како родител… Пред мене е нова година, нова натпреварувачка сезона и да бидам искрен, чувствата ми се поделени. Еден дел од мене, она младо момче кое го има посветено животот на тенисот, сака да продолжи во ист ритам. Од друга страна, јас сум сега родител и се повеќе ми недостига семејството, моите две деца. Обично во овој дел од годината имам јасна цел што сакам, на кои турнири ќе играм. Годинава знам само дека сакам да играм на ОИ во ПАриз и на четирите гранслем турнири. Ништо друго не е загарантирано… проблемот не е физички, се уште можам да трчам со часови без проблем по теренот, се уште сум гладен и за трофеи. Сепак, мора да се има приоритет во животот, мене тенисот предолго ми беше приоритет, повеќе од 20 години. Сега сакам да престанам да пропуштам важни моменти од животот на моите деца“, истакна Ѓоковиќ.

Се вчитува...